ОАЕ: Наместо нејзините силувачи, Австралијанка завршила во затвор осум месеци

 

Обединетите Арапски Емирати се сметаат за земји со најголеми западни стандарди, од сите земји на Блискиот исток. Сепак оние кои што сакаат да живеат мора да водат сметка што работат. За тоа најдобро сведочи случајот на Алиша Гали, преубавата Австралијанка која пристигнала со големи надежи во оваа заливска земја. 

Имено таа прифатила да го работи она што отсекогаш и бил нејзин сон, да води салон за убавина во хотелот „Le Meridien Al Aqah“ кој е во склоп на ланците “Starwood”. Лоциран на плажата на Дубаи, со преубав поглед на Персискиот залив. Тоа бил најдобриот потег кој што го направила, барем така мислела. 

Но, една вечер додека работела во својата канцеларија, хотелскиот персонал и донел пијалок, во кој ставиле дрога, поради што изгубила свест. Се разбудлиа наредното попладне и сватила дека се наоѓа среде кошмар. Како што пренесува „Yahoonews“ таа дивјачки била силувана од страна на тројца колеги, додека била без свест. Сама и уплашена, отишла во болница каде што силувањето било потврдено. Сепак она што не го знаела е дека во оваа земја на сила е шеријатскиот закон, кој не може никој да го осуди за силување, ако тој не признае, или ако не се најдат четири мажи сведоци кои ќе ја потврдат приказната. Наместо нејзините силувачи да завршат во затвор, таа била која што завршила во затвор. Цели осум месеци лежела во нечиста ќелија. Да биде работата уште полоша, австралиската амбасада не и понудила помош и ја оставила на милост и немилост на неправдата. 

 

најчитано сега