Студентите се запознаа со менаџирањето на царинските активности

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов денеска пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје одржа предавање за менаџирањето на царинските активности.

- Станува збор за менаџмент врз управувањето. Имаме три столба, односно како прво какви механизми воведуваме за да го зачуваме заењето на Царинската управа. Луѓе доаѓаат и си одат, но многу е важно тоа што го знаат, да го задржиме во институцијата и на тој начин перманентно да ја зголемуваме институционалната меморија и знаење во Царинската управа за идните вработени. Вториот дел е воспоставувањето на интерни контролни системи кои автоматски ќе проведуваат дали системите и процедурите функционираат и третиот столб се механизмите за перманентно самоучење, појасни Каргов.

ФОТО: Нова Македонија