Лавров: Украинските војници на Крим ќе имаат право на избор на кого ќе му служат

 

Русија ќе го засили своето воено присуство на Крим за да го заштити од надворешни закани, изјави рускиот заменик-министер за одбрана Јуриј Борисов.

- Неопходно е да ја развиеме воената инфраструктура на Полуостровот така што Крим ќе биде доволно претставен во Руската Федерација и ќе биде заштитен од сите можни опасности, рече Борисов.

Русија е третата земја во светот, по САД и Кина, според одделените средства за одбрана и планира во оваа сфера до 2020 година да потроши 556,84 милијарди долари.

Борисов не спомена детали, но засилувањето на руското воено присуство на Крим веројатно ќе доведе до обединување на руските објекти, сопственост на руската Црноморска флота, со украинските бази, кои сега се под контрола на руски војници.

Црноморската флота располага со 40 бродови, од кои 28 се во активна мисија, додека другите се модернизираат.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинските војници, кои се оставени надвор од базите, чија контрола ја презедоа руските војници, ќе имаат право на избор на кого ќе му служат.

- На сите украински војници на територијата на Крим им беше предложено слободно да изберат дали да ја напуштат територијата на Крим или да останат и да служат во Црноморската флота на Руската Федерација, рече Лавров во денешниот говор во Парламентот. 

20.03.2014 - 18:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега