Русите освоиле два украински воени брода

 

Проруските групи на Крим денеска презедоа два украински воени бродови, јавија американските медиуми.

Ваквите информации доаѓаат во време кога Украина соопшти дека нејзините војници на Крим се под закана, а ЕУ размислува за нови санкции против Русија заради анексијата на црноморскиот Полуостров.

Во регионот и натаму останува тензично и покрај ослободувањето на командантот на украинската флота, кој вчера беше приведен од проруските сили.

При преземањето на украинската корвета „Хмелницки“ во Севастопољ имало пукање, но нема жртви, јавија американските медиуми кои имаат свои известувачи од местото на настанот. Вториот брод „Луцк“, исто така, бил опколен од проруски сили.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека не располага со информации за двата случаи. 

20.03.2014 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега