Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци утре без електрична енергија

 

Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа утре од 5 до 7 часот без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Како што информира ЕВН Македонија, 110/10 киловолтната трафостаница Валандово  од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект „Парк на ветерни електрани Богданци“.

 

20.03.2014 - 16:16
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега