Македонија наскоро ќе ја добие четвртата транша од кредитот на ЕИБ
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска најави дека Македонија ќе ја добие четвртата транша од кредитот од Европската инвестициска банка веднаш по целосното искористување на третата транша. Пешевски информира дека договорот за четвртата транша во вредност од 100 милиони евра е потпишан кон крајот на минатата година, а по целосното искористување на третата транша ќе се отпочне со користење на средствата од четврата транша.
- Првата транша од 100 милиони евра, како и втората од 50 милона евра се целосно искористени, а од третата транша од 50 милиони евра се искористени 95 проценти. Од неа останува да се искористат уште неколку милиони евра за кои веќе има поднесени барања. Сите компании кои имаа квалитетни проекти или се соочуваа со мала ликвидност или, пак, имаа недостиг на средства за проширување на капацитетите ги искористија средствата од оваа кредитна линија што помогна да се ублажат ефектите од кризата. Владата субвенционираше еден добар дел од каматата, која сега е фиксна и изнесува 5,5 проценти, истакна денеска Пешевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа