Претседателот Иванов ги посети Крива Паланка и Ранковце
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ги посети Крива Паланка и Ранковце, каде заедно со градоначалникот Арсенчо Алексовски беше запознаен со постигнатите резултати на ЕЛС во изминатиот период, како и за наредните инвестициони планови за изградба на општината под Осоговските Планини.
Иванов истакна дека доколку го добие и вториот мандат од претседателските избори посебно ќе се залага за развој на руралните општини како што е и Крива Паланка.
Претседателот Ѓорѓе Иванов посебно беше воодушевен од ракотворбите на учениците од ОУ „Јоаким Крчовски“, која беше продажна, а средствата ќе бидат донирани за хуманитарни цели.
Работната поета на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов заврши во општината Ранковце каде оствари средба со раководствоto на оваа рурална општина, за која како што кажа потребни се материјално-технички и инвестициони средства за подобрување на животот на овие граѓани од Славишко Поле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа