Крадец од Прилеп украл златен накит во вредност од 300.000 денари
Вчера во период од 20 часот до 23 часот и 20 минути на улицата Самоилова во Прилеп била извршена тешка кражба во куќа.
Се работи за куќата на 28-годишниот Б.Ѓ. каде непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба и од сеф одзел кутија во која имало златен накит во вкупна вредност од 300.000 денари.
Полицијата работи на расветлување на случајот.