Вкупно 185 пензионери од Тиквешко на бесплатна бања
Вкупно 185 пензионери од Тиквешко добија право на користење на бањско климатска рекреација на сметка на државата. Од нив 122 пензионери се од Кавадарци и Росоман, а 63 од Неготино и Демир Капија. Ова денеска го соопштија раководителките на подрачните единици на Фондот за пензиско осигурување во Кавадарци и Неготино, Весна Ѓорѓиева и Драгица Миланова.
- Нашите пензионери ќе одат на бањско климатска рекреација во бањата Банско. Во десет смени, почнувајќи од овој месец, па се до крајот на мај. Последната смена започнува на 28 мај, информираа Ѓорѓиева и Миланова.
20.03.2014 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа