Збогум Тито Петковски

 

Тито Петковски му кажа збогум на македонското Собрание. Тој во изјава за Утрински весник потврди дека нема да се кандидира за нов пратенички мандат. 

Мојата приказна со Собранието заврши на 24 декември 2012 година, кога беше погазена демократијата и достоинството на пратениците. Оттогаш не се ни појавувам на седниците“, вели Петковски

Press24 веќе објави дека СДСМ ќе им ги скрати пратеничките места, бар оние сигурните, на партиите од коалицијата. Во последниот состав партијата на Петковски НСДП имаше 4 пратенички мандати. Извори од Бихаќка брифираат дека во овј состав, Петковски не може да очекува повеќе од две места, иако како што пишува Утрински весник, останатите тројца негови пратеници, Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски имаат пратенички амбиции. На нивно место се очекува да се сместат пратениците на ЛДП, кои барале 3 пратенички сточлчиња, но според последните информации, максимумот до кој мож да дојдат се две пратенички позиции.
Анкетите покажуваат дека престојните парламентарни избори лесно може и да го намалат бројот на пратеници на СДСМ, па оттука сосема јасно е зошто се вжештва борбата на Бихаќка за место погоре на пратеничките листи.

20.03.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега