Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот
Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат од половина до еден денар за литар.
Новата цена на Еуросупер БС-98 и Еуродизелот ќе биде повисока за половина денар и ќе изнесува 80,50 денари, односно 67,50 денари за Еуродизелот. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар за литар, така што новите цени ќе изнесуваат за Еуросуперот 79 денари, а за Екстра лесното 56,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,716 денари за килограм и ќе изнесува 41,517 денари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,18 отсто или за 20,02 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,23 отсто или 18,62 долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,29 отсто или за околу 13,25 долари за тон.
ФОТО: Дневник