Попоски и Бесими на средба со Филе во Брисел
Министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојуваат во работна посета на европските институции во Брисел.
За време на посетата Попоски и Бесими ќе имаат заедничка средба со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, на која ќе се разговара за исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН), како и за организирањето на следниот состанок на дијалогот, веднаш по изборите.
Според Секретаријатот за европски прашања, покрај приоритетите од Пристапниот дијалог, акцентот во разговорите ќе биде ставен и на статусот на реализација и идните приоритети во делот на слободата на изразување и владеење на правото, како и степенот на искористеност на ИПА 2007-2013г.
На состанокот, исто така, ќе се разгледаат перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година.
Предвидени се и други средби со високи претставници од европските инситуции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа