Два шумски пожари беснеат во Маврово

Од два одвоени пожари  вечерва е зафатена шума во близина на Маврови Анови.

Ветрот, кој моментно дува во овој регион, ги отежнува напорите за ставање под контрола на огнената стихија.

Екипи составени од вработени во Националниот парк "Маврово" и полицијата се на терен и ја следат состојбата. Според информациите на СВР Тетово, огнот се појавил околу 19:30 во близина на месноста Кожа на околу два километри од Маврови Анови.

Според информациите од терен, засега не се загрозени населените места и објекти околу Мавровско Езеро. Површините, зафатени од огнот дополнително се утврдуваат, но, според првичните проценки, на повеќе од хектар гори и високо стеблеста шума

19.03.2014 - 21:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега