Силно невреме во Скопје - летаат покриви, дрва паѓаат врз автомобили

Летнал покривот од гражата и му го оштетил автомобилот. Силниот ветер, денеска околу 17:40 часот во селото Петровец, Скопје го срушил покривот на гаражата на Илија и Ванчо М. при што оштетил автомобил марка Цитроен. Силниот ветер го откорнал и покривот на еден објект во склоп на гробиштата во Јурумлери, Скопско и оштетил две куќи.
Откорнат е и покривот на ушилиштето Кузман Јосифовски Питу во скопско Пржино, а дрво паднало врз автомобил во скопско Влае. 

Апелираме до нашите читатели кои имаат фотографии од невремето да ги споделат со нас и да ни ги испратат на овој линк

19.03.2014 - 20:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега