Попоски и Бесими утре на средба со Филе

Шефот на макдонската дипломатија, Никола Попоски, утре заедно со  вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, ќе престојуваат во работна посета на европските институции во Брисел, каде ќе остварат заедничка средбасо еврокомесарот Штефан Филе.

На средбата ќе се разговара за исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН), како и за организирањето на следниот состанок на ПДВН, веднаш по изборите.

Предвидени се и други средби со високи претставници од европските инситуции.

19.03.2014 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега