Илјадници луѓе го бараат исчезнатиот авион преку Интернет - еве што најдоа

 

Луѓето ширум светот се здружија со помош на Интернет и започнаа да трагаат по исчезнатиот малезиски авион со кој се превезуваа 239 патници. Се работи за сајт или Tomnod мапа преку која сите можат да го пребараат светот во потрага по авионот од кој нема ниту трага.

Онлајн заедницата се вклучи во големата мистерија за авионот кој исчезна пред 12 дена. Digital Globe на овој сајт закачи слики со виоска резолуција од сателит, за луѓето сами да можат да го бараат авионот.

И голем број светски ѕвезди се приклучија на овој сајт и постираа слики барајќи го авионот кој остави отворени безброј прашања.

- Не сум стручњак, но ова кога ќе го поглчеднете одблиску навистина личи на авион, напиша Кортни Лав на фесјбук. 

Уште една слика која крена прашина е слика од авион кој лета над џунгла, која ја пронашол студент од Тајван, но се покажало дека се работи за друг авион.

 

19.03.2014 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега