Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци

Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци, град кој оваа сезона беше на врвот по грипозни во државата.

- Февруари ни беше месец со најмногу заболени оваа сезона, 1.555, а вкупниот број на грипозни сезонава изнесува 3.116. Ако се има во предвид бројката од вкупно 862 заболени од грип минатата година, излегува дека годинава бројот на грипозни е за 3.6 пати поголем од лани, вели доктор Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје од Кавадарци, пренесе МИА.

Тој нагласи дека очекувањата се дека топлото време ќе го намали ширењето на грипот бидејќи активноста на вирусот е помала, но сепак остануваат препораките до населението превентивно да се делува со цел да не се заболи од грип. 

19.03.2014 - 15:24
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега