Косово и Крим: Двојни стандарди?

 

Тоа се случи завчера, но изгледа сите го заборавиле. На 17 февруари 2008 година, косовските претатеници Албанци ја изгласаа резолуцијата за прогласување на независноста на Косово, јужната провинција во една суверена држава призната од ОН - Србија. Тоа беше еднострано решение, одобрено од некои земји членки на Европската Унија, но одбиено од некои други, како Шпанија, Словачка, Грција, Романија и Кипар. Така е до ден денес, пишува угледниот француски весник Фигаро, пренесува МИА

Тој ден новинарите од целиот свет кои ги покриваа настаните од самото место, преплавија со репортажи за еден народ кој плаче од емоции, и кој ликува заради прогласувањето на независностса. Насекаде се гледаа насмеаните лица на мажи, жени и деца, свечено облечени, добронамерни, зборливи. Слободата дојде. Кој тогаш помисли да се запраша какво е мислењето по прашањето на неколку илјади срби, кои од 1999 година се забарикадираа во села, оградени со бодликава жица и заобиколени од воените транспортери на меѓународните сили за заштита КФОР? Никој или речиси никој. Кој тогаш кажа некој збор за монасите и монахињите од локалните православни цркви и манастири, кои се уште не биле нападнати или опожарени од албанските екстремисти кои сонуваа за етничко и религиско прочистување? Никој или речиси никој. Кој тогаш се заинтересира за тоа малцинство, помеѓу населението воглавно составено од косовски Албанци? Никој или речиси никој.

Шест години подоцна, Крим, јужната провинција на Украина, излезе на општонароден референдум, со желба да се отцепи од родната мајка, како што го направи тоа Косово од Србија. Го поздравуваат ли западните земји таквиот заслужен демократски чекор, одобрен со 96,6 проценти од гласовите на избирачите? Ги покажуваат ли по телевизиите истите снимки од изблици на радост во Севастопол и Симферипол, како што своевремено беше во Приштина и Призрен? Не. овој пат се зборуваше дека правото на народот на Крим да располага сам со себе (да посака присоединување кон Русија) е „незаконско“ (го цитирам Лорен Фабиус) и дека тоа не е исто како со народот на Косово (ниту пак со народите во Словенија и Хрватска во 1991 година, ниту со народот во Босна во 1992, и пак без сомнение ќе биде со народот во Шкотска во септември).

За разлика од 2008 година, на која никој веќе не се сеќава, сега некои коментатори почнаа да го спомнуваат принципот за неприкосновеност на границите наследени од 1945 година, дека од 1989 наваму тој принцип не е соодветен со распаѓањето на советската империја и со раѓањето на десетици нови држави врз нејзините руини!

Што се однесува до репортерите кои беа испратени на Крим на тој судбински 16 март 2014 година, меѓу две интервјуа со две карикатурни „бабушки“ кои се радуваа што нивниот регион повторно се враќа под заштита на „Свети Путин“, тие не престана да ги отвараат прашањата за оние кои се сметаат за најчисти помеѓу кримјаните - татарите. О колку се величенствени Татарите! Толку претставителни, толку се привлечни, толку се различни од ужасните Срби од Косово! Татарите се малцинство на полустровот од неговото повторно населеување со Руси во 19 век, а после и по нивната масовна депортација кон централна Азија по наредба на Сталин во 1944 година. Тоа малцинство светот предвремено го сожалува и му предвидува судбина слична на онаа на Абхазите, и тоа веќе се смета за еден од најстрашните погроми.

И ако се сетам дека Татарите биле првите кои живееле на Крим (нешто кое не се подвлекуваше во врска со Србите кои го претвориле Косово во срце на својата средновековна држава уште во 13-иот век, или тоа што ниеден византиски хроничар не го спомнува присуството на Албанци во регионот во тоа доба) се пропушта фактот дека тие сунитски муслимани по природа се исто толку диви колку што се и жестоки, и дека до 18-иот век се сметале за апсолутни чудовишта - ограбувачи на православни села, трговци со робови, кои дури и ја запалиле Москва во 1591 година. Единствено Казаците успеале во тоа време да им се спротивстават, и успеваат во тоа и денес.

Така работи западната медиумска меморија. Селективно.

И уште еден последен детал. Украина никогаш не ја призна независноста на Косово. Така што сега нивната жестока реакција кон принципот на едностраната иницијатива на парламенотот на Крим, до извесен степен изгледа логична. Но таков не е случајот со Франција и САД, кои беа првите земји кои го признаа Косово за нова држава уште во февруари 2008, истовремено кога го сторија тоа и Албанија, Турција и Авганистан

19.03.2014 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега