Ги фатил како сечат дрва - струмичани со рачна дигалка претепале шумски полицаец

 

 

Двајца струмичани си заработија кривична пријава за напад врз службено лице. Се работи за 30-годишниот Т.Т. и 32-годишниот И.Р. од селото Банско кои пред неколку денови околу 13 часот заедно со уште едно лице од Струмица со патничко возило „лада“ без регистерски таблички се упатиле кон планината Беласица за да исечат огревни дрва за продажба.

Струмичаните биле запрени од 61-годишниот шумски чувар В.К. по што И.Р. започнал вербална расправија со него, која кулминирала кога физички го нападнал, удирајќи го во пределот на лицето и градите. Во тој момент Т.Т. со рачна дигалка го удрила В.К. во пределот на главата нанесувајќи му тешка телесна повреда. 

19.03.2014 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега