Напаѓач уби шест лица па се самоуби
Седум лица денеска загинаа во престрелка што се случи во канцеларија на турскиот Завод за статистика во градот Карс, јави локалната телевизија ТРТ Хабер.
Напаѓачот прво усмртил шест лица, а потоа се самоубил, пренесува Танјуг.
Според неофицијални информации напаѓачот бил поранешен вработен во Заводот, кој неодамна добил отказ.
Полицијата се уште работи на откривање на причините за извршеното убиство.
19.03.2014 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа