Уапсени 14 лица поради поседување на интернет страница за детска порнографија

 

Четиринаесет лица денеска беа уапсени од страна на американските власти поради сомнеж за тајно поседување на интернет страница за детска порнографија со што се загрозени 251 дете од кои најголем дел се од САД и пет други земји.

Неколкумина од уапсените мажи на страницата биле регистрирани под женски имиња со цел на социјалните мрежи полесно да стапат во контакт со децата кои биле на возраст од три до 17 години.

Единаесет обвинети се уапсени во Луизијана, а сите се осомничени за одржување сајт на кој имало повеќе од 27.000 корисници.

Властите идентификувале и стапиле во контакт со 251 жртва, лицирани во 39 американски сојузни држави, како и во Велика Британија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Белгија.

19.03.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега