Марин Ле Пен паднала во празен базен и си ја скршила кичмата
Лидерката на десничарскиот Национален фронт во Франција, Марин Ле Пен ја скршила кичмата во несреќа.
Информацијата за несреќата ја соопшти нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен.
- Марин би дошла да ве поздрави и да биде со вас, но не можеше затоа што тешко се повреди поради што не може да се движи. Падна во празен базен и ја скрши кичмата, рекол таткото.