Руски сили ја нападнале украинска воена база на Крим- најмалку еден повреден

 

Како што соопшти портпаролот на украинската армија, во базата во главниот град на Крим, Симферопољ, биле нападнати украински војници  од страна на руски сили при што еден војник е повреден.

"Украински војник е повреден. Ние сме забарикадирани на вториот кат. Тие сакаат да го предадеме оружјето, но ние нема да се предадеме", изјави неименуван извор од украинската армија.

Друг анонимен извор за украинските медиуми изјави дека во базата се наоѓаат околу 35 лица, од кои 10 до 15 жени и според неговата изјава еден украински офицер е полесно повреден.

Во меѓувреме командантот на украинската флота Сергиј Гајдук изјави дека во нападот врз воената база еден украински офицер бил повреден од огноено оружј во ногата.

Гајдук посочи дека 38 украински воени бази се блокирани од руските сили на Крим.

18.03.2014 - 17:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега