Секс по четири часа дневно - ова е идеалниот ден на секој маж
Најновите истражувања утврдија дека идеалниот ден на мажите е оној во кој практикуваат секс четири часа, а работејќи поминуваат само три часа или половина работно време.
Мажите своето време го распоредиле така што сакаат да водат љубов четири часа и 19 минути, па три и пол часа работејќи, па три и пол часа дружејќи се со семејството и пријателите.
Два часа и 38 минути мажите во денот би поминале јадејќи и пиејќи, додека на средување би потрошиле само 29 минути од своето скапоцено време.
Според ова истражување, припадниците на посилниот пол остатокот од слободното време сакаат да го поминат спиејќи. Дури 64% од мажите изјавиле дека „некое“ време поминуваат со смартфонот во тоалет, додека 26% изјавиле дека во главата правеле планови што треба да направат во текот на денот додека биле во кревет со партнерката.
Момците помлади од 34 години, дури 51% од нив, поминуваат доста време грижејќи се да не пропуштат нешто во животот или залудно да не го потрошат скапоценото време.
Повеќето од нив би се одрекле од неколку часа дружење со пријателите, ако тоа би им дало доволно време да се фокусираат на поважни нешта.
Извор. Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа