„Шанса за живот“:Кампања за опремување на интензивното одделение на Детската клиника

 

Интензивното одделение на Детската клиника ќе добие нова опрема. Средствата ќе ги обезбеди ОКТА од продажбата на горива. Кампањата под мотото „Шанса за живот“ почна денеска, а ќе трае до ноември годинава.

- Како социјално одговорна компанија ние сме одлучни да помагаме онаму каде што е потребна помош. Нашите напори во последните неколку години беа насочени кон поддршка на активности за добросостојба на децата. Имајќи ја предвид моменталната состојба во ова одделение на Детската клиника, каде предвремено родени бебиња и деца со компликации секојдневно се борат за живот започнавме соработка со клиниката за собирање средства, истакна главниот извршен директор на ОКТА Виктор Папаконстантину.

Радица Муратовска Делимитова од одделението за интензивна нега на Детската клиника посочи дека опрема е постојано неопходна, особено што се зголемува и бројот на бебиња што се згрижуваат во одделението. Таа рече дека во 2013 година бројот на згрижени бил зголемен за 100 во однос на 2012.

- Важно е за децата да има соодветна опрема. Покрај нашето знаење, опремата е она што ни дозволува да ги спасиме животите на дечињата. Тоа се инкубатори, респиратори, аспиратори, нешто без што интензивната нега не може да постои, рече Муратовска-Делимитова.  

Апелираше и до другите компании за донации и посочи дека со секој денар што ќе се даде се овозможува да се спаси нечиј живот.

 

18.03.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега