ФОТО: Кортни Лав го „пронајде“ малезискиот авион?

Рок пејачката Кортни Лав тврди дека го „пронашла“ исчезнатиот малезиски авион, па дури на нејзините профили на Фејсбук и Твитер остави фотографија со координатите каде авионот на Малезија ерлајнс се наоѓа.

Пејачката од групата „Hole“ наведува дека „не е експерт“ по прашањето на исчезнатиот авион, но дека верува дека паднал. Таа постави и форографии за кои верува дека се доказ.

Со помош на црвени стрелички, Лав на фотографијата ги напиша зборовите „бензин“ и „авион“ и заокружи одредени делови на фотографијата на морската површина.

- Не сум експерт, но од блиску ова изгледа како авион и трага од нафта. Моите молитви се со семејствата на летот MH370, кој се наоѓа на милја од Пула Перак ,каде последен пат го видиле... Но, што јас знам, наведе Лав, јавија електронските медиуми.

 Мизичкарата дури ги наведе и коориднатите на авионот, а нејзината објава предизвикала многу коментари на Фејсбук, од „известувањето на Си-ЕН-Ен, Кортни Лав го пронајде исчезнатиот авион, до „Замислете што би било кога Кортни Лав навистина би го пронашла авионот“

18.03.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега