Малезискиот авион се запалил - пилотите загинале херојски?!
Пилотите на исчезнатиот малезиски авион загинале херојски, обидувајќи се да го спасат авионот од пожарот кој го зафатил. Ова го изјавува Били Винсент, поранешниотшеф за безбедност на американската Федерална агенција за авијација.
Според него, пилотите се бореле со пламените јазици кои го зафатиле авионот и се угушиле од чадот. - Сценариото започнува со експлозија на опасни материи кои не биле добро спакувани или биле нелагално пренесени, вели тој.
Винсент смета дека пожарот ги зафатил системите за комуникација во авионот, а претпоставува и дека еден од пилотите успеал да стави на себе маска со кислород, но не успеал да го спаси авионот и патниците.
До сега се појавија повеќе теории за исчезнување на малезискиот авион. За потсетување, во него имаше 239 патника.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа