Кипар против наложување санкции кон Русија
Кипарскиот министер за надворешни работи Јанис Касулидис се изјасни против наложените санкции од ЕУ кон Русија, што според него, може да имаат негативни последици за економиите на земјите од ЕУ.
Касулидис објасни Кипар ја поддржал одлуката на шефовите на дипломатиите на ЕУ за замрзнување на сметките и за забрана за патување на 21 високи руски и украински претставници поради „зачувување на едногласноста“.
- По крајот на Студената војна економиите на европските земји се заемно зависни и сите тие држави утврдија „специјални односи“ со Русија, истакна тој.
Касулидис се изјасни против сите мерки кои „во практика можат да ги казнат економиите на ЕУ“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа