Николиќ: Србија ќе биде воено неутрална, а јас никогаш нема да го признаам Косово
Новиот претседател на Србија Томислав Николиќ изјави дека нема да ја признае независноста на Косово и Метохија, дури ни по цена на членството на земјата во ЕУ.
„Мене ме нема на списокот на тие кои тоа би го направиле“, вели Николиќ во интервју за ТВ Црна Гора.
Николиќ изјави дека никој до сега не го псотавил признавањето на Косово како услов за понатамошен напредок на Србија во европските интеграици.
„Хипотетичко е прашањето дали некој ќе го постави тој услов или не, но не ми е срам и не бегам од одговорноста да изјавам дека мене ме нема на списокот на оние кои би прифатиле да влеземе во европскта интеграција и да се одречеме од Косово и Метохија“, вели претседателот на Србија.
Николиќ истакна дека Србија ќе остане војно неутрална, а дека до влезот во ЕУ нејзиниот главен надворешен трговски партнер ќе биде Русија.
„После ќе видиме“, додаде Николиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа