Поучна приказна за сите деца и нивните мајки

 

Децата со калливи чевли влегуваа во нејзината перфектно уредена кујна, која блескаше од чистота, за да ги задоволат своите очајни потреби за храна и пијалак. Оваа мајка, мајката за која сонував, ќе ги измиеше нивните раце и ќе се растрчаше да им приготви храна и да им даде пијалак, да ги задоволи сите нивни потреби пред повторно да истрчаат надвор. Потоа, задоволна и исполнета, ќе го исчистеше со насмевка целиот неред кој децата го оставиле зад себе.

Но, не бев премногу илузионистка. Знаев дека ваква перфектна мајка можеби не е реална, па затоа имав уште еден план. Ако ваквата мајка не е достапна, ќе бев задоволна со некоја преубава мајка од рекламите за шминка, или некоја презентерка на вести. Немаше да пребирам.

Но не добив ниту една од овие мајки. Ја добив мојата мајка.

Да, мојата мајка беше паметна, вредна и интересна. Таа имаше срце од злато кое го жртвуваше за мене. Таа ме сакаше безусловно (дури и кога бев неподнослива). И да, таа беше мудра и ме научи на интегритет и му даде сила на мојот карактер.

Ниту една од овие работи не беше проблем.  Како дете, ова не беа родителски карактеристики кои би ме зашеметиле кон идеалот на нереална мајка од телевизијата. Проблемот беше што мојата мајка не се вклопуваше во тесната социјална структура на мојата елементарна култура. Таа не обожаваше шминка и не служеше храна на високи потпетици. Таа дури и не знаеше добро да готви. Не знаеше да плете и да озборува со другите мајки. Таа беше презафатена самохрана мајка, која немаше време да направи домашни брускети. Таа беше опседната со идејата да ме одгледува безбедно и здраво и да ме научи како се бидува добар човек.

Денес сум благодарна што мајка ми заглавила и останала верна на својот сопствен стил и не се трудела  да стане убавата мајка од моите соништа. Денес имам мајка на која се восхитувам и на која сум и благодарна за сите нејзини предности и необичности. Можеби сум сакала мајка како од најубавите ТВ реклами, но сигурно наутро не би се гордеела со неа.

Можеби би можела тука да ја завршам целата приказна, но би ја пропуштиле поентата. Ќе го пропуштиме делот за тоа како секоја мајка очекува многу повеќе од себеси како мајка, иако презема натчовечки напори. Ќе го пропуштиме делот за денес, кога јас сум мајка и гледам колку луди и нереални очекувања сум имала од сопствената мајка.

Неодамна ја прашав мајка ми како се чувствуваше кога, како девојче, мечтаев за мајка од ТВ рекламите? Дали тоа ги повреди нејзините чувства? Таа се насмеа... Ми рече дека била премногу зафатена со чувството на сопствената несоодветност. Да...и таа имала фантазии за тоа каква мајка треба да биде: идеална слика на мајка која никогаш не може да се постигне, без разлика на тоа колку се обидуваш.  Таа сакала да биде ангелска мајка – чувар, која секогаш негува, исцелува, лечи и зајакнува. Наместо тоа, таа беше човек. Беше МАЈКА.

Кога станав мајка ја ставив сопствената кариера на чекање и одлучив да бидам мајка која прави колачи, која ги зема децата од училиште, мајка која седи дома, каква што сакав кога бев дете. Сепак, додека го прославував секој ден поминат со мојот син, оваа ситуација не ми ја спречи визијата за натчовечка мајка/жена/професионалец, која си ја поставив за свој идеал. Мајка, која тешко дека постои во реалноста, а може да се најде само како имагинарен карактер на ТВ.

Па, како да успееме да го постигнеме ова? Зошто правиме недостижно високи идеали за тоа каква треба да биде мајката? Не можеме ли едноставно да прославиме дека се трудиме да бидеме мајки со најдобри намери и незамислива љубов која ја даваме и дека тоа што го правиме е сосема доволно?

Мајка ми секогаш се трудеше да ме прехрани, да ме сфати, да ме прифати, да ми даде сила, да ме утеши и да ги избрише моите солзи.

Правејќи го ова секојдневно и со многу љубов, им даваме прекрасен подарок на своите деца...и започнува со давањето прекрасен подарок на себеси – задоволството од себе како мајка!

Извор: Рингејаја.мк

18.03.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега