Путин го аминуваше нацрт договорот за приклучување на Крим во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин одобори нацрт договор за приклучување на Република Крим во Руската Федерација и формирање на нови субјекти во составот на РФ, јави ИТАР-ТАСС.

Одредбата на рускиот претседател, потпишана на 17 март, е објавена денеска на официјалната веб страница за правни информации.

Во документот се наведува дека „се препорачува договорот да биде потпишан на највисоко ниво“. 

18.03.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега