Кинеските власти почнаа да го бараат исчезнатиот „Боинг“ на своја територија
Кина почна потрага на својата територија по малезискиот авион, кој мистериозно исчезна пред 10 дена, изјави кинескиот амбасадор во Малезија Хуан Хуекан.
Потрагата ќе биде концентрирана во пределот на северниот воздушен коридор, каде можеби поминал авионот „Боинг-737-200“, што сообраќаше од Куала Лумпур до Пекинг со 239 патници и членови на екипажот.
Точно 154 патници од вкупно 227-те во исчезнатиот авион биле Кинези. Кинеските власти детално ги истражиле сите нив и не утврдиле никакви докази дека некој од нив е вмешан во киднапирање или терористички напад на авионот, објави Хуан.
Во моментот во потрагата по авионот учествуваат 26 држави. Тие пребаруваат широк регион од брегот на Каспиското Море на север до јужниот дел на Индискиот Океан.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека воениот брод на САД го прекинува учеството во потрагата по исчезнатиот малезиски патнички авион. Ваквата одлука е донесена поради фактот дека потрагата се врши на големa површина, каде поефикасно е употреба на разузнавачки авиони.
Американскиот воен брод „Кид“ минатата недела се вклучи во потрагата во авионот на малезиската компанија „Малејжа ерлајнс“.
Во операцијата учествуваат уште австралиски, американски и кинески авиони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа