Престижната награда на европскиот печат заврши во рацете на уредникот на „Гардијан“ за сторијата за Сноуден

 

Главниот и одговорен уредник на престижниот британски весник „Гардијан“, Ален Расбриџер се здоби со Наградата на европскиот печат. Ваквото признание стигна по објавувањето на откритијата на американските програми за шпионажа од страна на поранешниот соработник на разузнавањето на САД Едвард Сноуден. 

„Гардијан“ во јуни минатата година прв ги откри сомнителните методи на следење на електронските комуникации од западните специјални служби.

Британскиот весник ја доби специјалната награда на жирито.

Досието „Сноуден“ беше определено за „најважната глобална тема на годината“.

18.03.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега