Најмалку едно лице на Ургентен - еве што се случувало во центарот на Скопје вечерва

 

Најмалку едно лице завршило на Урегентен по масовна тепачка која вечера се случила во центарот на Скопје. Како што дознава Press24 тепачката најпрво започнала во Старата чаршија, а потоа продолжила од Камениот мост се до булеварот ВМРО во центарот на Скопје. Се уште нема информации дали во тепачката учествувале две поголеми групи луѓе или пак една група нападнала едно лице. Очевидци велат дека повредениот има убода рана од нож, а видливи биле и траги од крв. Тој почнал да бега по булеварот а една група луѓе го бркала со автомобил. Во тој момент пристигнала полицијата која веднаш интервенирала но групата напаѓачи почнале да бегаат со автомобилот по што следела кратка бркотница по скопските улици. Полициските автомобили возеле со вклучени ротациски светла во спротивната насока.
Од МВР и официјално го потврдуваат инцидентот и потврдуваат дека има неколкумина приведени но не откриваат повеќе детали. Потврдуваат дека едно лице е примено со повреди во Ургентниот центар но се уште нема информации каква е неговата состојба

17.03.2014 - 22:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега