Путин потпиша указ: Република Крим е суверена и независна држава
Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ „За признавање на Република Крим“, соопшти прес-службата на Кремљ.
Во указот се истакнува дека „согласно волјата на народите на Крим изразена на референдумот одржан на 16 март 2014 година, се признава Република Крим како суверена и независна држава“, а градот Севастопољ има специјален статус.
Указот стапува во сила на денот на потпишување
17.03.2014 - 21:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа