Нова Македонија доби нов главен и одговорен уредник

Дневниот весник Нова Македонија доби нов главен и одговорен уредник. Врз основа на објавениот конкурес за работното место, Комисијата за избори и именување одлучи ваквата позиција да му ја додели на Александар Димковски.

Во неговата 20 годишна карирера, од 1994 година тој постојано пишувал во весникот Нова Македонија, а на позицијата главен и одговорен уредник бил од периодот од 2004 до 2008 година. 

Во својата богата новинарска кариера Димковски  извршува редица одговорни функции од кои последните две години и како помошник на главниот и одговорен уредник. 

Тој е магистер, оженет и татко на четири деца.

 

17.03.2014 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега