Се обесила девојката на Мик Џегер

Девојката на познатиот фронтмен на групата Ролинг Стоунс, Миг Џегер, извршила самоубиство. Како што пренесуваат светските агенции Лорен Скот (47) се обесила во својот стан во Менхетен.

Прв кој се нашол на местото на настанот бил нејзиниот асистен. Иако засега се уште нема официјална причина за смртта, медиумите известуваат дека станува збор за самоубиство.

Лорен Скот е дизајнерка која во модниот свет почна да се пробива во 2006-та година кога ја создаде првата колекција. Таа беше во врска со Мик Џегер уште од 2001 година. Веста за смртта на Скот, Џегер ја дознал во Австралија каде се наоѓа во моментов заедно со останатите членови на бендот.

17.03.2014 - 20:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега