Турција нема да го признае „недозволениот“ референдум на Крим

Турција соопшти дека нема да го признае „недозволениот“ референдум, кој вчера на Крим заврши со голема победа на приврзаниците за присоединување на украинскиот полуостров кон Русија.

- Референдумот не е признат и не е легитимен, изјави шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу пред средбата со лидерот на кримското татарско малцинство Мустафа Џемилиев.

Давутоглу посочи дека рефереднумот е „недозволив завршен факт“ кој ја „нарушува територијалната целовитост на Украина“, додавајќи оти се надева дека гласањето нема да предизвика нови тензии.

- Референдумот на Крим не го затвори патот за понатамошно барања излез од ситуацијата во Украина врз основа на територијалната целовитост на земјата. Потребно е брзо да започне дипломатската работа и да се организира преговарачки процес во рамките на уставната реформа, врз основа на принципите на територијалната целовитост на западниот и источниот дел на Украина и Автономната Република Крим, посочи Давутоглу.

Турција, која е членка на НАТО и има развиени трговски односи со Русија, историски е поврзана со татарската заедница, која претставува 12 проценти од населението на Крим. 

17.03.2014 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега