Украина го повлече својот амбасадор од Русија
Украина го отповика својот амбасадор во Русија поради консултации, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.
Украинскиот амбасадор во Москва, Владимир Јеченко е отповикан поради ситуацијата во Автономната Република Крим и потребата за консулатции за меѓународните аспекти на такваа ситуација, се истакнува во соопштението на украинското МНР.
На вчерашиот референдум на Крим за обединување со Русија се изјаснија 96,77 проценти од гласачи. Парламентот на Крим утрово усвои резолуција за независност и побара од Русија „прием на Република Крим во состабот на Руската Федерација“ со статус на република.
Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе се обрати до Горниот и Долниот дом на рускиот Парламент за референдумот на Крим, каде мнозинството граѓани се изјаснија за влез во составот на Руската Федерација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа