Јаху го купува Тумбир за 1,1 милијарда долари

 

Интернет гигантот Јаху го одобри купувањето на блогерскиот сајт Тумбир за 1,1 милијарда долари, пишува весникот „Волстрит журнал“. 

Тумбир е создаден во февруари 2007 година и денеска има 175 вработени. Тој е достапен на 12 јазици и во него се сместени 108,4 милиони блогови со 50,8 милијарди написи. Во 2011 година Тумбир се проценуваше на 800 милиони долари. 

Јаху е формиран во 1994 година и има 11.500 вработени, но во последно време се соочува со финансиски проблеми и со проблеми во стратешкото планирање.

најчитано сега