Речиси 160.000 граѓани пријавиле данок до УЈП за 2013

Досега до Управата за јавни приходи пристигнале 159.502 годишни даночни пријави, од 2013 година. 

1.290 од нив се испратени по електронски пат.

Денеска е последниот ден до кога може да се пријават приходите. Годишните даночни пријави може да е достават до во даночните канцеларии на УЈП, Контакт центарот на УЈП во Градскиот трговски центар каде може да достават пријава и граѓани кои не се од Скопје а престојуваат привремено во Скопје, како и во мобилните канцеларии на УЈП.

Се очекува до УЈП до крајниот рок да се достават 170 илјади годишни даночни пријави, слично како и минатата година.

Годишна даночна пријава се поднесува доколку во текот на 2013 година покрај платата или пензија, физичкото лице остварило дополнителни приходи по основ на кирија, хонорар од авторски договор, добивка од наградна игра и слично.

17.03.2014 - 15:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега