Пола милион евра штета: Пожар пеплоса фабрика во Радовиш

 

Во пожарот што избувна вчера во фабриката за мебел „Современ дом“ во Радовиш, направена е штета од над половина милион евра, информира денеска сопственикот, Баже Јованов.  

Тој нагласи дека пожарот се случил во утринските часови околу 2.30 часот, по што заедно со неговите синови се обидел да го локализира.

- Противпожарната екипа по известувањето пристигна со задоцнување некаде околу 40 минути. Да дојдеа пет минути порано ќе беше се решено, се завршено и ќе имаше многу минимално последици, вели Јованов.

Во фабриката за мебел „Современ дом“ во Радовиш вработени се околу 30 работници, дел од производството се извезува, а останатиот дел се пласира на домашниот пазар

17.03.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега