Грција деновиве треба да одговори на предлогот на Нимиц

 

Официјална Атина деновиве треба да го испрати својот одговор на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на прашањето за името на Македонија, пишува МИА.

Грчки дипломатски извори претходно соопштија дека во Атина минатата седмица интензивно се разменуваа мислења и забелешки за последниот предлог на Нимиц и на маса се различни варијанти на сложени имиња кои ќе бидат испратени во Њујорк откако Самарас ќе се врати од Кина.

Претходно, весникот „Етнос“ пишуваше дека „Атина не планира категорично да го отфрли последниот предлог на Нимиц, но се очекува да бара што е можно пошироки промени за да се врати рамнотежата која треба да ја има предлогот за да се одржат надежите за постигнување договор“.

Како и да е, според последните информации кои доаѓаат од Грција, официјална Атина нема да дозволи Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската унија беа претходно да се реши прашањето за името. 

ФОТО: Сител

најчитано сега