Сакајќи да се самоубие спасил живот

Еден човек сакајќи да се самоубие скокајќи од Лондон Бриџ во Темза случајно му го спасил животот на странец кој во тој момент се давел во реката.

Спасувачите  примиле дојава за маж кој стои на работ на Лондон Бриџ, со намера да изврши самоубиство, и испловиле за да го спречат во таа намера. Кога стигнале до местото, спасувачите виделе 33-годишен маж кој се давел во реката, очајнички борејќи се за живот.

Спасениот маж бил замрзнат. Неговата телесна температура изнесувала 33,1 степен Целзиусов, а на почетокот не можел ни да се сети како му е името, ниту како завршил во реката.

„Ако екипажот на бродот за спасување не тргнеше на помош на мажот кој сакаше да се убие, несреќникот кој се давеше во Темза веројатно никој немаше да го забележи. Во тој момент таму поминуваа повеќе пловила, но никој не го забележал“ – им рекол на новинарите еден од членовите на спасувачката екипа, Тони Скер.

Полицијата изјавила и дека се спасени и двајцата мажи.

17.03.2014 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега