Оставеното бебе Мевљан е добро- ова се последните информации од истрагата

Седуммесечната Мевљан е во добра здравствена состојба констатираат лекарите по 24 часовното будно надгледување на бебето кое беше фрлено на хауба во центарот на Скопје.

Во меѓувреме полицијата откри детали за нејзиното грабнување за кое исказ дале мајката и биолошкиот татко.

НА плоштадот во Скопје таткото го грабнал бебето од мајката зашто таа не сакала да му го даде за да питачи. Бил во алкохолизирана состојба па многубројни минувачи се обидувале да го застанат зашто пијаниот маж со бебе во раце им изгледал сомнително. Исплашен од погледите се решил да се ослободи од бебето па го фрлил на хауба позади зградата на минситерствотоз а финасии.

Мајката на бебето, информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пријавила дека е исчезнато дури по 12 часа.

- Мајката објаснила дека таткото го одзел бебето, врз основа на нивна претходна расправија, изјави Јанкулоска, додавајќи оти ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за повеќе дела против родителите, како што е семејно насилство и запуштање на дете и предизвикување на опасност.

Сеуште е неопзнато какви се повреди имало бетео и дали било малтретирано рпед да биде оставено на паркингот во Скопје.

17.03.2014 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега