Ештон: Русија да започне директен дијалог со Украина

Кетрин Ештон ја повика Русија да започне директен дијалог со Украина.

- Ја повикувам Русија да стапи во дијалог со раководството во Украина, да ги продолжи преговорите со меѓународната заедница, за да се смири ситуацијата и да се најде политички пат за излез од кризата, изјави таа при пристигнување на средбата на министрите за надворешни работи на 28-те членки на ЕУ во Брисел.

Според Ештон, „Украина има потреба од добри односи со Русија, како и со ЕУ и со останатиот свет“

17.03.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега