Два силни земјотреси го стресоа Чиле

 

Два силни земјотреси, од кои едниот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, го погодија во интервал од една минута северното крајбрежје на Тихиот Океан на Чиле.

Првиот земјотрес е регистриран во 21:16 минути, според Гринич, на околу 60 километри северозападно од северниот крад Икике, на длабочина од 68 километри.

Вториот земјотрес е регистриран на 36 километри од градот, на длабочина од 33 километри. 

Националната служба за вонредни ситуации во Чиле регистрираше само еден земјотрес, кој не предизвикал жртви, ниту материјална штета. Националниот сеиозмолошки центар во Чилеанскиот универзитет соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

 

 

17.03.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега