Натпросечно топол ден во Македонија

Сончево и натпросечно топло време нé очекува на почетокот на новата недела.

Мала облачност се очекува наутро, но потоа и таа облачност ќе има тренд на намалување. Ветерот ќе биде слаб, од променлив правец.

Според Метеопро дневниот максимум ќе достигне вредност во границите помеѓу 15°С и 19°С во поголем дел од населените места. Само малку потопло, до максимални 21°С, ќе биде во гевгелиско - дојранскиот регион.

Во Скопје се очекува сончево време со слаб, променлив ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 6°С, а максималната околу 19°С.

17.03.2014 - 07:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега