Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и обвинители и Адвокатската комора

 

 

Пo повод 68 години од македонската адвокатура, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска и  претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија Никола Додевски потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот ќе се продлабочи меѓусебната соработка во постојаното стручно усовршување на судиите, јавните обвинители и адвокатите, преку заедничко координирано дејствување во остварувањето на овие заеднички цели.

Целта на Меморандумот е да се дефинира полето и обемот на соработка помеѓу страните потписнички, во рамки на своите овластувања, заеднички настап пред јавноста, но пред потенцијални донатори и заедничко учество на проекти, а во однос на промоција и афирмација и стручно усовршување на судиите, јавните обвинители и адвокатите во Република Македонија. 

најчитано сега