Груевски: Образованието ни е приоритет - буџетот за 2014 е 22,4 милијарди денари

Образованието е приоритет на Владата на Република Македонија. Буџетот за овој сектор е зголемен за 67 отсто и за 2014-та изнесува  22,4 милијарди денари. Од 2011 до 2014 година се изградени, доградени и реконструирани 65 училишта, а до почетокот на новата учебна 2014/2015 година планирана е изградба и реконструкција на уште 15 училишта.

Ова го истакна  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во отчетот за работата на македонската Влада, на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, за  2011-2014.

- Веќе петта година по ред имплементираме концепт на бесплатно образование, односно бесплатни учебници за сите ученици во основното и среднотоо бразование, за што досега се вложени 30 милиони евра. Тој концепт ќе продолжи да се спроведува и понатаму. Обезбедивме и бесплатен превоз за учениците кои посетуваат училишта кои се оддалечени повеќе од 2,5 километри од нивните домови.  Значително е зголемен бројот на стипендии кои се доделуваат за студирање на сите три циклуси на високо образование на престижни странски високообразовни установи, а се доделуваат и голем број други стипендии во различни категории, рече Груевски.

ПРемиерот го спомена и капиталниот проект за превод на „1000 стручни и научни книги“ од кои се учи на најпознатите универзитети во светот. Проектото им овозможува на македонските студенти да го стекнат знаењето или да ги добијат информациите кои ги имаат нивните колеги од Оксфорд, Харвард, Шефилд, Кембриџ, Јејл... Досега се преведени 874 наслови.

Во делот на научно-истражувачката област, Груевски го посочи проектот за набавка и опрема на лаборатории, вочии рамки досега се опремени 80 лаборатории

16.03.2014 - 14:48
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега